• 4 hours ago
Калцедониа location_pin
АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА
location_pin Скопје
sallary Дискретно
Аплицирај

Се бараат продажни асистенти со полно работно време (40 часа)  Сите кандидати треба да ги достават своите биографии (CV) на следиот email: blazovski.t@hotmail.com

Квалификации:

• Диплома за завршено средно образование;

• Да поседува вештини за градење на тим, како и интерперсонални вештини;  

• Aналитички вештини и вештини за планирање, фокусираност кон резултати, добри  

• Dеловни вештини, дисциплинираност и учтивост.

• Солидно познавање на англискиот јазик;

• Со или без професионално искуство како продажен асистент. Главни задачи на продажниот асистент:

• Надзор над работењето на продавницата и надгледување на соодветните услуги кон купувачите, како и познавање на квалитетот на стоката што се продава во продавницата;

• Обезбедување систематско поставување на стоката во продавницата;

• Вложување максимален труд да се зголеми продажбата во продавницата, како и да ги достигне, а доколку е возможно, и да ги надмине поставените цели;

• Упатување на купувачите кон стоката што ја бараат;

• Советување на купувачите во однос на квалитетот на понудената стока;

• Обезбедување добро трговско претставување на понудената стока;

• Осигурува достапност на етикетите и укажување на куповната цена за понудената стока;

• Нема да открива или обелоденува никакви доверливи информации или податоци во однос на гореспоменатите одговорности кон ниту една личност или правно лице;

• Одговорност за техничка и противпожарна безбедност во согласност со правилата за заштита на здравјето и безбедноста на Друштвото;

• Преземање на задолженија и задачи што спаѓаат во рамки на неговата/нејзината работна позиција или се доделени од страна на управителите на Друштвото. Или испратете го вашето CV преку копчето аплицирај.

Најди работа! Брзо и едноставно!

Добредојдовте на Hired.mk! Најбрзата платформа за огласување и наогање на работа!

Креирајте профил денес и аплицирајте само со еден клик!